1.Општи информации
Овие студии имаат за цел обезбедување на врвен инженерски кадар за задоволување на се поголемата побарувачка за софтверски инженери, особено програмери. Студентите на оваа студиска програма се здобиваат со знаења кои им обезбедуваат голема професионална флексибилност и широк избор на работни места секаде каде постои потреба од анализа, спецификација, дизајн, проектирање, имплементација и програмирање, проектно управување и одржување на софтвер и информациски системи. Дипломираниот инженер од овој профил својата кариера може да ја гради во софтверската индустријата, во јавниот и услужениот сектор, но, особено во компаниите за развој на софтвер, кај информациските системи што треба да работат во реално време, мобилните и хибридни апликации, софтвери кои работат на интернет и во облак, напредни кориснички интерфејси, решенија поврзани со дизајн и имплементација на софтверски системи и друго.
2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите
2.1 Времетраење: 3 години (6 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии, насока софтверско инженерство и информациски системи
2.2 Времетраење: 4 години (8 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока софтверско инженерство и информациски системи
3. Наставна програма
Во наставната програма е предвидено да има 18 задолжителни предмети, 9 изборни на ниво на факултет и 3 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува тригодишни, односно 24 задолжителни предмети, 12 изборни на ниво на факултет и 4 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува четиригодишни студии.
Сите изборни предмети се поделени во три групи на тежина (Н1, Н2 и Н3). Правилата за изборност на предмети според нивото се дефинирани како:
- Број на предмети од Н1- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н1 не смее да надминува 6 кредити.
- Број на предмети од Н2- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н2 не смее да надминува 36 кредити.
- Број на предмети од Н3 – нема ограничување во бројот на избрани предмети од групата Н3.
Студентот може да избере и повеќе предмети од групата Н1 и групата Н2 од предвидениот број, но, во тој случај кредитите освоени за овие предмети не влегуваат во вкупниот број на кредити потребни за стекнување на дипломата. Положените предмети и освоените кредити ќе бидат дел од листата на положени предмети во уверението за положени предмети по завршување на факултетот.
Course | Credits | |
---|---|---|
Бизнис и менаџмент | 6.00 | Mandatory Courses |
Course | Credits | |
---|---|---|