1. Општи информации
Постдипломските студии по Безбедност, криптографија и кодирање се стремат кон врвно европско образование и обучување кадри, кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги задоволуваат потребите на индустријата.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по Безбедност, криптографија и кодирање
- Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошки науки, природно – математички науки
- Поле: компјутерска техника и информатика, информатика
- Област: друго (компјутерска безбедност, криптографија и кодирање)
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС или 120 ЕКТС кредити.
- Траење на студиите: 2 или 4 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
- Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот се состои од наставни предмети и од завршниот проект, т.е. магистерската тема.
- Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
- Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
- Бројот на контактните часови е 4
- Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е
– Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на безбедност, криптографија и кодирање
2. Воведувачки слој
Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии. Кандидатот треба да одбере 4 предмети од предложената листа, додека, пак, останатите 5 предмети може да ги одбере од останатите понудени предмети на факултетот и еден од предметите од универзитетската листа. Доколку се случи да кандидатот веќе има положено 7 или повеќе од препорачаните предмети, тогаш има право да одбере предмет од од останатите понудени предмети на факултетот.
Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој
РБ | Предмет | Семестар | ЕКТС |
1 | Задолжителен предмет 1 од Табела 2 | VII | 6 |
2 | Задолжителен предмет 2 од Табела 2 | VII | 6 |
3 | Задолжителен предмет 3 од Табела 2 | VIII | 6 |
4 | Задолжителен предмет 4 од Табела 2 | VIII | 6 |
5 | Изборен предмет 1 | VIII | 6 |
6 | Изборен предмет 2 | VIII | 6 |
7 | Изборен предмет 3 | VII | 6 |
8 | Изборен предмет 4 | VII | 6 |
9 | Изборен предмет 5 | VIII | 6 |
10 | Избор од универзитетската листа слободни предмети | VII | 6 |
Изборните предмети може да се одберат од предложената листа на предмети на студиската програма, Табела 2, или пак од предложените листи на предмети од воведувачки слој на другите студиски програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Изборот на предмети треба да е направен соодветно на претходните знаења на кандидатот и потребните знаења за продолжување со постдипломските студии по Интернет технологии. Дозволен е само еден слободен избор на предмет кој се наоѓа на универзитетската листа на предмети за првата година од двогодишни постдипломски студии.
Табела 2: Листа на изборните предмети
РБ | Нов код / Предмет | Семестар | ЕКТС | Предуслов | |
1 | CSEW516 Криптографија | VII | 6 | Дискретна математика 2 | |
2 | CSES602 Безбедност на компјутерски системи | VIII | 6 | Оперативни системи | |
3 | CSEW303 Веројатност и статистика | VII | 6 | Калкулус 1 (Математика 1), Дискретна математика 2 | |
4 | CSES404 Теорија на информации со дигитални комуникации | VIII | 6 | Веројатност и статистика | |
5 | CSEW702 Веб базирани системи | VII | 6 | нема | |
6 | CSEW515 Компјутерска етика | VIII | 6 | реализирани минимум 90 ЕКТС кредити | |
7 | CSEW703 Вовед во препознавање на облици | VII | 6 | Вештачка интелигенција | |
8 | CSES618 Мрежна безбедност | VIII | 6 | Податочни и компјутерски комуникации, Оперативни системи | |
9 | CSES405 Безжични и мултимедиски системи | VIII | 6 | Податочни компјутерски комуникации | |
10 | CSES620 Неструктурирани бази на податоци | VIII | 6 | Бази на податоци |
По успешното завршување на сите десет предмети и остварени 60 кредити, студентот со претходно стекнати 180 ЕКТС кредити (или завршени тригодишни студии) продолжува со предметите од втората студиска година на постдипломски студии – Табела 3 (IX и X семестар).
3. Студии
Табела 3: Листа на предметите на постдипломски студии
РБ | Нов код / Предмет | Семестар | З/И | ЕКТС |
1 | БК-З-01 Напредна информациска безбедност | IX | З | 6 |
2 | БК-З-02 Применета криптографија | IX | З | 6 |
3 | БК-З-03 Теорија на кодирање | IX | З | 6 |
4 | Изборен предмет 2 | IX | И | 6 |
5 | Изборен предмет 2 | IX | И | 6 |
6 | БК-З-04 Компјутерска безбедност | X | З | 6 |
7 | Изборен предмет 3 | X | И | 6 |
8 | Магистерска тема | X | З | 18 |
При изборот на предметите, најмалку еден изборен предмет треба да се избере од понудените изборни предмети во Табела 4. Останатите изборни предмети може да се одберат од предмети понудени на сите насоки на втор циклус студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, а еден од изборните предмети може да се избере и од Универзитетската листа на предмети од втор циклус студии.
Табела 4: Изборни предмети
РБ | Нов код / Предмет | Семестар | ЕКТС | Фонд часови П | В |
|
1 | БК-И-01 Безбедност на мобилни и веб апликации | X | 6 | 30 30 | |
2 | БК-И-02 Биометриски системи | IX | 6 | 30 30 | |
3 | БК-И-03 Докажлива безбедност | X | 6 | 30 30 | |
4 | БК-И-04 Криптоанализа | X | 6 | 30 30 | |
5 | БК-И-05 Криптографско инженерство | IX | 6 | 30 30 | |
6 | БК-И-06 Криптографски протоколи | X | 6 | 30 30 | |
7 | БК-И-07 Математичка логика за компјутерски науки | IX | 6 | 30 30 | |
8 | БК-И-08 Напредни алгебарски структури | X | 6 | 30 30 | |
9 | БК-И-09 Напредни алгоритми за кодирање во комуникациски канал | X | 6 | 30 30 | |
10 | БК-И-10 Применета теорија на информации | IX | 6 | 30 30 | |
11 | БК-И-11 Случајни процеси | IX | 6 | 30 30 | |
12 | БК-И-12 Управување со промени и ризици | IX | 6 | 30 30 | |
Избор од универзитетската листа слободни предмети | 6 | 30 30 |
Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.