1. Општи информации

 

Постдипломските студии по Безбедност, криптографија и кодирање се стремат кон врвно европско образование и обучување кадри, кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги задоволуваат потребите на индустријата.

  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по Безбедност, криптографија и кодирање
  • Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошки науки, природно – математички науки
  • Поле: компјутерска техника и информатика, информатика
  • Област: друго (компјутерска безбедност, криптографија и кодирање)
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС или 120 ЕКТС кредити.
  • Траење на студиите: 2 или 4 семестри.
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
  • Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот се состои од наставни предмети и од завршниот проект, т.е. магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
  • Бројот на контактните часови е 4
  • Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е

– Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на  безбедност, криптографија и кодирање

 

2. Студии

Табела 3: Листа на предметите на постдипломски студии

РБ Нов код / Предмет Семестар З/И ЕКТС
1 БК-З-01 Напредна информациска безбедност IX З 6
2 БК-З-02 Применета криптографија IX З 6
3 БК-З-03 Теорија на кодирање IX З 6
4 Изборен предмет 2 IX И 6
5 Изборен предмет 2 IX И 6
6 БК-З-04 Компјутерска безбедност X З 6
7 Изборен предмет 3 X И 6
8 Магистерска тема X З 18

 

При изборот на предметите, најмалку еден изборен предмет треба да се избере од понудените изборни предмети во Табела 4. Останатите изборни предмети може да се одберат од предмети понудени на сите насоки на втор циклус студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, а еден од изборните предмети може да се избере и од Универзитетската листа на предмети од втор циклус студии.

Табела 4: Изборни предмети

РБ Нов код / Предмет Семестар ЕКТС Фонд часови
П | В
1 БК-И-01 Безбедност на мобилни и веб апликации X 6 30 30
2 БК-И-02 Биометриски системи IX 6 30 30
3 БК-И-03 Докажлива безбедност X 6 30 30
4 БК-И-04 Криптоанализа X 6 30 30
5 БК-И-05 Криптографско инженерство IX 6 30 30
6 БК-И-06 Криптографски протоколи X 6 30 30
7 БК-И-07 Математичка логика за компјутерски науки IX 6 30 30
8 БК-И-08 Напредни алгебарски структури X 6 30 30
9 БК-И-09 Напредни алгоритми за кодирање во комуникациски канал X 6 30 30
10 БК-И-10 Применета теорија на информации IX 6 30 30
11 БК-И-11 Случајни процеси IX 6 30 30
12 БК-И-12 Управување со промени и ризици IX 6 30 30
  Избор од универзитетската листа слободни предмети   6 30 30

 

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.