ИГФ МКД – „Форум за управување со интернетот Македонија“ е отворен, инклузивен и неформален простор за дијалог за прашањата на управувањето со интернетот „Internet Governance“, помеѓу сите засегнати чинители во македонското општество, владата, пратениците, приватниот сектор, граѓанското општество, техничката заедница, образованието, медиумите, крајните корисници итн.

Целта на форумот е подигнување на свеста и промовирање подобро разбирање на „управувањето со интернетот“, изградба или зајакнување на капацитетот на овие чинители активно да учествуваат во националните процеси за интернет-управување, олеснување на дискусијата, размената на мислења и соработката за прашањата поврзани со интернетот, што се од особен интерес на национално ниво, овозможување на сите заинтересирани чинители да учествуваат како еднакви, односно рамноправни и да се придонесе во создавањето и одржувањето на блиски врски со регионалните SEEDIG (http://www.seedig.net/) и пан-европски EuroDIG (https://www.eurodig.org/) процеси и процесите на глобалната интернет-заедница за прашањата на управување со интернетот – Internet Governance Forum при UN (http://www.intgovforum.org/multilingual/). Националната иницијатива ИГФ MKД треба да придонесе за подигнување на јавната свест и за промоција на т.н. „multistakeholder“ пристапот на сите или на повеќето засегнати чинители, како нова форма на партиципативната демократија, односно поттикнување дијалог помеѓу сите засегнати чинители.

Дополнителни информации во врска со овој настан односно целата програма може да се погледне подолу.

Влезот е слободен.

AttachmentSize
PDF icon liflet_trifold_igf1296.pdf1.18 MB
1