Почитувани студенти, пријавени за подготвителната настава од програмирање во организација на ФИНКИ,
во изминатиов период сите пријавени учесници беа контактирани со е-порака на нивната електронска адреса оставена како контакт.
По завршувањето на процесот на уплати за учество во наставата формирани се 2 групи и наставата ќе се одржи според предвидените и најавени термини, од 24.09 до 27.09 во терминот 9:30 до 14:30 часот.

Сите пријавени учесници кои завршија со уплатата треба да дојдат во вторник 24.09 во 9:30 часот во амфитеатрот на ФИНКИ (кој се наоѓа во анексот на ТМФ, малата зграда лево од деканатот на ФИНКИ).Тие ќе ја добијат истава оваа информација и преку е-порака.

Доколку некој пријавен учесник до сега не извршил уплата, или не добил информација, а сака да ја следи наставата, нека провери за информација во спам фолдерот на неговата е-сметка или нека се обрати за информација на podgotvitelna@finki.ukim.mk најдоцна до петок, 20.9.19.