На 28 и 29 Септември 2019 година во просториите на Стопанска Комора на Македонија, а во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето се одржа првиот хакатон од областа на осигурувањето - InsurHack Скопје 2019. На настанот настапија вкупно 16 учесници во 5 тимови:
Тимовите изработија идејни решенија за следниве теми:
- Платформа за дигитализација на Европски Извештај за пријава на штета
- Платформа за онлајн компарација на цени на осигурување од автоодговорност и КАСКО
- Платформа за прибирање и обработка на податоци за возење
Комисијата составена од претставници на осигурителните друштва, стартап заедницата и ФИНКИ изврши оценување на истите, врз основа на претходно дефинираните и јавно објавени (на веб сајтот на настанот www.insurhack.co ) критериуми за учество и оценување. Врз основа на оценувањето, тимовите го зазедоа следниов редослед:
- Teletabisi
- Insurfeit
- UIST
- Damazan
- San Junipero
Победникот на InsurHack Skopje 2019, тимот Teletabisi (во состав Виктор Аврамовски, Глигор Атанасовски, Антонио Аврамовиќ – студенти на ФИНКИ), ќе учествува во пич сесијата на настанот InsurTech Skopje 2019.