УПИС НА СЕМЕСТАР НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ВО ПОСЛЕДЕН СЕМЕСТАР ОД СТУДИИ ПО ЕКТС

1. Студентите кои имаат пријавено дипломски труд ако до 15.11.2019 година истиот го одбранат немаат обврска за запишување на зимскиот семестар. Истите треба да направат само заверка на летниот семестар.

2. Студентите кои пријавиле дипломски трудови изминатиот летен семестар и истиот нема да го одбранат до 15.11.2019 година должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница од 1000,00ден.за административни трошоци на жиро сметка на ФИНКИ, како и уплатница за ИКСА.

3. Студентите кои немаат пријавено дипломски труд, а очекуваат да ги положат сите испити заклучно со августовската испитна сесија, како и студентите кои запишале дипломски труд во минатиот зимски семестар должни се да го запишат зимскиот семестар (во рокот за запишување на зимски семестар), како последен семестар на студии при што го пријавуваат дипломскиот труд во системот за електронско запишување (се избира како и секој друг предмет од листата на предмети) и ги уплаќаат соодветните кредити согласно пресметаниот износ на уплатница.