Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерствo во соработка со Факултетското студентско собрание на ФИНКИ, распишува интерен оглас за избор на лица кои ќе помагаат при изведување на лабораториски вежби за предметите од прва година.

На огласот може да се пријават актуелни студенти кои треба да бидат на располагање на Факултетот во било кое време во зависност од распоредот на часови. Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV со вклучени контакт информации, број на индекс и детали за студиите) како и листа на предмети од втор семестар (прва година) за кои се заинтересирани да држат менторски лабораториски вежби.

Се повикуваат заинтересираните кандидати да се пријават на огласот. 

Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса arhiva@finki.ukim.mk со тема "[Mentorski-vezbi] Prijava na konkurs", најдоцна до среда, 12.3.2020 година до 12:00 часот.