Почитувани студенти,

Ве известуваме дека согласно одлука на Владата (https://vlada.mk/node/20446), во наредните 14 денови нема да се одвива настава на ФИНКИ. Воедно ве извстуваме дека студентската служба на факултетот нема да работи во наредните 14 дена. Сите закажани рокови се продолжуваат за 14 дена, а сите планирани настани и активности на Факултетот се одложуваат за неодредено време (вклучувајќи јавни одбрани на дипломски, магистерски и докторски работи).

Доколку има дополнителни насоки, за истите ќе бидете навремено известени.

Со почит,

ФИНКИ