Почитувани членови на IEEE, почитувани колеги,

 

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на предавањето на м-р Дарио Стојановски на тема Recent Findings and Advances in Context-Aware and Unsupervised Neural Machine Translation“ што ќе се одржи online, преку платформата Zoom, на 16.12.2020 од 18:00 часот.

 

Предавањето ќе се реализира како заеднички настан на локалните оддели за компјутери, едукација, роботика и автоматика, системи, човек и кибернетика, телекомуникации и теорија на информации при Македонската секција на IEEE, групата Data Science Macedonia, како и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за Електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

 

Повеќе информации за настанот, темата и предавачот можете да најдете на овој линк. Присуството на настанот е бесплатно и слободно за сите заинтересирани, а пожелно е да се регистирате на овој линк

 

На настанот може да се вклучите преку овој линк.

 

Ве очекуваме!

0