Ана Тодоровска е родена во 1998 година во Битола. Основното и средното образование ги завршила во Битола со континуиран одличен успех.
Во 2016 година се запишала на додипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), на насоката Компјутерски науки и инженерство - англиски јазик.
Во текот на студиите изведувала практична работа во компаниите „Sorsix“ и „Idox Health“, а во 2019 година била ангажирана како лаборант на ФИНКИ.
Дипломирала во 2020 година со дипломскиот труд „Платформа за споделување и изнајмување на облека“, под менторство на проф. д-р Димитар Трајанов.
Во 2022 година магистрирала со магистерска теза на тема „Моделирање на поврзаноста помеѓу дигиталните валути и класичните економски индикатори“, исто така под менторство на проф. д-р Димитар Трајанов.
Истата година се запишала на докторски студии на ФИНКИ, на насоката Компјутерски науки и инженерство.
Од декември 2020 година е вработена на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Области на нејзин научно-истражувачки интерес се машинско учење, наука базирана на податоци, обработка на природни јазици и работа со големи податоци.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК