Јована Добрева е родена во 1998 година во Скопје, каде завршува средно образование со одличен успех во гимназијата ,,Раде Јовчевски - Корчагин”.
Своето високо образование го започнува во 2016 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на насоката Информатика и компјутерско инженерство. Во четвртата година од студиите (2019 година) е ангажирана како лаборант на факултетот. Непосредно потоа во 2020 година дипломира со просечна оценка 9.70 со дипломскиот труд ,,Платформа за извлекување на знаење поврзано со лекови од медицински текстови” под менторство на проф. д-р Димитар Трајанов.
Своето образование го продолжува во 2020 година со запишување на постдипломски студии на насоката Управување во информатички технологии. Истата година во декември е вработена на ФИНКИ, каде одржува аудиториски и лабораториски вежби.
Полињата на научно-истражувачки интерес и се Data Science, Machine Learning, Natural Language Processing, Big Data, Computer and Information Security.