Почитувани студенти,

Согласно објавениот повик за трудови за меѓународната научна конференција  CIIT 2021- (International Conference on Informatics and Information Technologies) која е во организација на нашиот факултет ФИНКИ, ве известуваме дека рокот за поднесување на студентските трудови е поместен и новиот рок е 11.04.2021.

Ги охрабруваме студентите кои се заинтересирани за учество на конференцијата да напишат свој студентски труд на кој можат да бидат самостојни автори или пак да имаат други колеги студенти, професори, асистенти или истражувачи како ко-автори. Секој студентски труд треба да има студент како прв и главен автор на трудот.

Студентските трудови треба да се водат по следните правила:

●      да го користат  официјалниот template на конференцијата,

●      да бидат максимум 4 страни,

●      да бидат поднесени преку системот на  EasyChair.

●      при поднесувањето да биде назначено дека станува збор за Student Paper (за разлика од Full Paper и Short Paper).

Главните критериуми при евалуација на испратените трудови ќе бидат иновативноста, имплементацијата на најновите трендови во компјутерските науки и инженерство и коректна форма на техничко изразување. Студентските трудови ќе бидат презентирани во специјални студентски сесии и ќе влезат во изборот за најдобар студентски труд.

Освен презентацијата на вашата работа, учеството на конференцијата ќе ви овозможи и да се запознаете со работата на останатите колеги од факултетот. Затоа, ве покануваме и охрабруваме да земете активно учество во конференцијата.

 

Со почит,

Организациски одбор на CIIT 2021.