Компанијата Интелигента објавува оглас за летна пракса. Очекуваме да се пријават талентирани и мотивирани студенти што имаат интерес за:

 

  • Развој на системи за големи податоци и деловно разузнавање;
  • Развој и имплементација на деловни информациски системи;
  • Развој на системи базирани на оптимизациски алгоритми;
  • Прибирање и обработка на податоци со Python;
  • Развој на web апликации со Java Spring, .NET и PHP;
  • Развој на Frontend (AngularJS, React).

Практикантите ќе можат да го зголемат своето знаење преку користење на модерни технологии и работа на иновативни проекти. Секој практикант ќе добие посветен ментор со долгогодишно искуство во обука и образование. Праксата ќе биде во траење од два или три месеци, од дома или во канцеларија, по избор на студентот.

 

Заинтересираните кандидати може да се пријават на contact@inteligenta.io

 

Само кандидатите што се квалификуваат ќе бидат поканети на разговор.

1