Post date:
23/08/2022
Сите студенти на ФИНКИ кои сакаат да направат промена на студиската програма, согласно одлуката на ННС на ФИНКИ, истото можат да го направат најдоцна до 10.09.2022 година.
Молбите за промена на студиската програма се поднесуваат преку системот за молби http://molbi.finki.ukim.mk.
По одобрување на молбата студентите треба да го испечатат и потпишат документот кој ќе го добијат на емаил и заедно со уплатница 1000МКД на сметката на ФИНКИ со назнака за промена на студиска програма (согласно ценовникот на ФИНКИ ) да ги скенираат и електронски да ги пратат на studentski@finki.ukim.mk најдоцна до 20.09.2022 година.