Post date:
20/09/2021
Почитувани студенти,
Сите студенти кои слушале предмети во зимскиот семестар од учебната 2020/2021 година, задолжително да ја пополнат анкетата поставена на anketi.finki.ukim.mk.
За најава треба да се користи корисничкото име и лозинката од iKnow.
Анкетите за самоевалуација се законска обврска и соодветно пополнувањето на истите е услов за заверка на следниот семестар.
Рокот за пополнување на анкетата се продолжува до 24.09.2021 година.
Доколку не ја пополните анкетата до зададениот рок, истото ќе може да го направите при носење на документите за упис на семестарот со казна од 500 ден на сметката на ФИНКИ.