Ве известуваме дека се продолжува рокот за одбрана на дипломски работи за студентите кои се во последен семестар од студии по ЕКТС.

1. Студентите кои имаат пријавено дипломски труд ако до 19.11.2021 година истиот го одбранат немаат обврска за запишување на зимскиот семестар. Истите треба да направат само заверка на летниот семестар.
2. Студентите кои пријавиле дипломски труд во изминатиот летен семестар и истиот нема да го одбранат до 19.11.2021 година должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница од 1000,00 ден. за административни трошоци на жиро сметка на ФИНКИ, како и уплатница за ИКСА (точка 6 од потребните документи).