Фондацијата Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, а во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, организира втор Хакатон за отворени податоци. Хакатонот ќе се одржи од 30 ноември до 3 декември 2021 година. Наградниот фонд за најдоброто решение на Хакатонот изнесува 3,000 долари, наменети за комплетирање на демо верзијата во функционална апликација.

 

Хакатонот за отворени податоци е 4-дневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение кое ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел на хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин. Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап компании од областа на IT. Неопходно е членовите на секој тим да имаат знаења од програмирање, дизајн, економија, маркетинг и слично. Еден тим може да биде составен од најмалку тројца членови, а најмногу осум.

 

Пријавувањето на тимовите е отворено до 24 ноември, 2021 година, до 16:00 часот. Повикот за пријавување на Хакатонот е објавен тука, формуларот за пријавување е достапен тука, а концептот може да го погледнете тука.

1