Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за јануарска испитна сесија 2021/2022 година ќе се одвива во периодот од 10.01.2022 – 17.01.2022 година.
Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow.
Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.
Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.
Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.
Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата: http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок.
Хартиени пријави за положените испити ќе се носат заедно со документите за упис на летен семeстар 2021/2022.