Netcetera и Google Developers Group Skopje ве повикуваат на овогодинешното издание на Google HashCode. Исто како и минатат година, така и оваа година нема да има физичко присуство, туку натпреварувачите ќе бидат организирани во виртуелни хабови.
Квалификацискиот натрпевар се одржува на 24 февруари од 18:30 до 22:30 часот, а регистрациите се веќе отворени. Сите заинтересирани може да се пријават до 23 февруари. Во Македонија има три виртуелни локации: Netcetera, Inellipse – Software Solutions и Qworkingo - Coworking Space Bitola.
Hash Code е тимски, програмерски натпревар, организиран од Google, за студенти и професионалци од целиот свет. Тимовите имаат целосна слобода за избор на својот тим, како и за избор на програмскиот јазик. За време на натпреварот, тимовите ќе треба да ги решат инженерските предизвици кои го поставува Google. Натпреварот е поделен во две рунди; првата е квалификациска, а втората е финална рунда и ќе се одржи подоцна.
Како и претходната година, финалниот натпревар ќе се одржи онлајн, на 30ти Април од 07:00 до 11:00 часот.
Повеќе информации за HashCode 2022 и за локациите во Македонија може да пронајдете на Facebook настанот HashCode 2022 Macedonia.