Заверувањето на зимскиот семестар и уписот на летниот семестар ќе се врши од 31.01.2022 до 04.02.2022 година. Детали можете да погледнете во официјалното соопштение во прилог.

Исто така во прилог е листата на предмети за летниот семестар за академската 2021/2022 година. Листата е прелиминарна и активирањето на изборните предмети зависи од бројот на студенти кои ќе се пријават за предметот.

Предавањето на хартиените документи ќе се врши САМО ПОСЛЕ ДОБИВАЊЕ на потврда преку затворање на тикетот на системот help.students.finki.ukim.mk и за тоа ќе бидете дополнително известени.