Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство распишува интерен оглас за изјавување на интерес за лица кои ќе помагаат во изведување на лабораториски вежби (лаборанти) во учебната 2022/2023.

На огласот може да се пријават актуелни студенти кои се заинтересирани во Септември да се пријават на конкурсот за избор на лаборанти. Студентите кои ќе бидат избрани за лаборанти, ќе бидат ангажирани за спроведување на лабораториските вежби на Факултетот во било кое време во зависност од распоредот на часови. Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV со вклучени контакт информации, број на индекс и детали за студиите) и листа на предмети за кои се заинтересирани да бидат лаборанти.

Се повикуваат заинтересираните кандидати да се пријават на огласот. Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса hr@finki.ukim.mk со тема [lab] Prijava na konkurs, најдоцна до понеделник, 20.06.2022 година до 12:00 часот.