На 15.06.2022, со почеток во 12:30 часот во хотелот Александар Палас беа доделени дипломите за генерациите на ФИНКИ кои дипломирале во 2019, 2020 и 2021 година, како и награди на студентите кои дипломирале со просечен успех  над 9,5. Беа доделени вкупно 750 дипломи и 26 награди: дипломирани во 2019 година се наградени 11 студенти, дипломирани во 2020 година се наградени  7 студенти и дипломирани во 2021 година се наградени  8 студенти.

Во присуство на министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири, деканот проф. д-р Иван Чорбев, раководството на факултетот, професори и асистенти, премиерот д-р Димитар Ковачевски им врачи дипломи на дел од студентите кои постигнале врвни резултати и највисок просек во текот на студирањето.

На свеченоста, премиерот Ковачевски, обраќајќи им се на младите дипломци и упатувајќи им честитки, истакна дека Секторот информатичка и компјутерска технологија во нашата земја во последните години бележи постојан раст во однос на бројот на компании и вработени, раст на извозот и на приходите и дека Владата е насочена кон натамошно подобрување на условите и носење конкретни мерки за работа и раст на оваа индустрија. Премиерот даде уверување дека интензивно ќе се работи на довршување на зградата за факултетот.

slajder.jpg

0