Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во првиот уписен рок за академската 2022/2023 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.

Листата ги содржи информациите за она што е пополнето во документите и не дава информација за рангирањето на кандидатите. Листата содржи број на кандидатот, првиот избор на студиска програма, Дали кандидатот избрал кофинансирање или не, редослед на изборите на насоки по приоритет, како и поените од успехот.
 
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 02.09.2022, најдоцна до 05.09.2022 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти. Приговорите се доставуваат со пополнување и потпишување на образецот, кој треба да се испрати по електронска пошта на upisi-finki@ukim.edu.mk.

Техничките пропусти се однесуваат на:
1.    Печатна грешка на основен избор на студиска програма
2.    Избор со кофинансирање
3.    Редослед на студиски програми
4.    Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)