Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием (нерангираните кандидати кои дале изјава се рангирани со дополнително решениe на крајот од документот, т.е. ги има 2 пати) во првиот уписен рок ќе се изврши на 12.09.2022 во техничкиот кампус (на истото место каде се поднесуваа документите) според следниот распоред:

  • Рангирани на Примена на информациски технологии (ПИТ) од 8:30 часот
  • Рангирани на Софтверско инженерство и информациски системи (СИИС) од 10:00 часот
  • Рангирани на Software engineering and information systems (SEIS) од 11:30 часот
  • Рангирани на Интернет, мрежи и безбедност (ИМБ) и  Компјутерско инженерство (КИ) од 12:00 часот
  • Рангирани на Компјутерски науки (КН) и Компјутерска едукација (КЕ) од 13:30 часот

Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2022/2023
1. Изјава за доставени документи
2. Образец за запишување на семестар (со залепена слика), пополнет и потпишан (се купува од книжара)
    2.1.    Листа на предмети според насоки кои се пополнуваат во образецот.
3. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20) (се купува од книжара)
4. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница)
    4.1.    Договор за студирање во државна квота во два примероци
5. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
    5.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
    5.2.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
6. Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)
7. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, (пример уплатница).
8. Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ
9. Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)

 

Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2022/2023, поднесените документи можат да ги повлечат до 16.9.2022 (09 - 12:00 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.