Потпишан е договор за хостинг помеѓу EuroHPC JU и GRNET во Грција, каде што ќе биде сместен DAEDALUS, нов суперкомпјутер од средна класа.
DAEDALUS ќе биде управуван од GRNET и планирано е да биде достапен на почетокот на 2025 година. Ќе може да врши повеќе од 30 петафлопи или 30 милиони милијарди пресметки во секунда.
HPC_DAEDALUS ќе опслужува широк спектар на корисници од научната заедница, индустријата и јавниот сектор, во Грција и цела Европа. Суперкомпјутерот ќе напојува нови апликации во широк опсег на области како што се инженерството, хемијата, здравствените науки и ќе се користи за визуелизација и решавање на научни проблеми.
DAEDALUS е финансиран од EuroHPC, преку програмата за Дигитална Европа на Европската Унија и Грција. Во проектот се влучени Кипар, Црна Гора и Македонија како членки на конзорциумот DAEDALUS.
Повеќе информации на следниот линк.
Партнери на DAEDALUS:
- GRNET- Национални инфраструктури за истражување и технологија, Грција: Сопственик, оператор, менаџер, координатор
- Кипарскиот институт, Кипар: Учество во тимот за поддршка на високо ниво
- Универзитетот во Доња Горица, Црна Гора: Учество во тимот за поддршка на високо ниво
- Факултет за компјутерски науки и инженерство, Универзитетот Сс. Кирил и Методиј во Скопје: Учество во тимот за поддршка на високо ниво