Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на гостинското предавање на д-р Андреј Ристески, визитинг професор на ФИНКИ. Предавањето ќе се оддржи на 2.3.2023 (Четврток) од 17:00. Предавањето ќе биде онлајн на Microsoft Teams, на линкот.

            Повеќе информации за предавањето:

Наслов: Од алхемија до наука: математички основи на длабоко учење       

Апстракт: Невронските мрежи и длабокото учење (deep learning) се одговорни за огромен напредок во машинско учење во последната деценија во многу области на примена, вклучувајќи процесирање на слики, аудио и текст. Иако нивниот практичен успех е неоспорен, нашето математичко разбирање на тоа кога и зошто се толку успешни е рудиментарно–во голема мера затоа што не можат да бидат анализирани низ класични парадигми на статистика и алгоритамска комплексност. Во ова предавање ќе зборувам за некои од овие мистерии и обидите да ти решиме. Предавањето ќе биде достапно за публика со генерална позадина во информатика и компјутерски науки, и нема да претпостави специјално познавање од областа на длабоко учење.  

Биографија: Андреј Ристески е доцент во одделот за машинско учење во универзитетот Carnegie Mellon. Пред позицијата во Carnegie Mellon, Андреј беше Norbert Wiener Fellow во одделот за применета математика во универзитетот MIT, како и во институтот за Data Science и статистика (IDSS). Андреј има докторат по компјутерски науки од универзитетот Принстон, каде исто дипломира.
Неговата област на истражување се математичките и научни основи на машинско учење и вештачка интелегенција, со особен фокус на длабоко учење и невронски мрежи. Андреј е добитник на Amazon Research Award ("Causal + Deep Out-of-Distribution Learning"), NSF CAREER Award ("Theoretical Foundations of Modern Machine Learning Paradigms: Generative and Out-of-Distribution") и наградата "Најдобар млад научник" во природно-математички и технички науки (во склоп на конкурсот „Успешни млади", доделена од претседателот Стево Пендаровски).