Драги студенти,

Со задоволство Ве покануваме на нашиот петти Open Day во CodeChem. Нашата цел е да се запознаеме со вас, да научиме нешто ново и да се дружиме во текот на денот.

Настанот ќе се одржи на 06.05.2023 година во канцелариите на CodeChem и ќе започне од 09:00 часот наутро.

 

 

И оваа година нудиме пракса за:

  •      Software engineering
  •      IoT/Embedded software engineering (С, С++)

Open Day е нашата традиција која ја продолжуваме и негуваме секоја година. Настанот е одлична можност за сите студенти кои:

  •     се во потрага по пракса
  •     по завршувањето на праксата бараат и вработување и посакуваат мотивирачка и пријателска средина каде можат да напредуваат секој ден и да ја изградат својата ИТ кариера со нас!

На самиот Open Day, имаме техничка презентација, а потоа имаме и работилница каде тимски и со помош на ментори задено ќе направиме цел проект од почеток до краj. Целта на работилницата е кандидатите  на опуштен и забавен начин да започнат со нашата програма за пракса - Boost Internship Program.

Open Day е најдобра можност за пракса, но и можност за идно вработување во CodeChem. Настанот има голема важност која ќе ве припреми за понатамошните предизвици поврзани со вашата кариера.

Fun Fact: Нашиот тим се состои од инженери кои се вработиле баш преку Open Day.

Ние веруваме дека посветеноста на менторите и вашата подготвеност и знаење се повеќе од потребни во нашата компанија, па затоа ве охрабруваме да се пријавите на Open Day!

Линкот за регистрација, како и сите останати детали околу настанот ќе ги најдете овде: https://openday.codechem.com/

Доколку имате какви било прашања слободно пишете ни.

 

За CodeChem:

Основно правило во CodeChem е дека секогаш постои подобар начин за да се дојде до совршеното решение. Соодветниот пристап, љубовта кон кодирање и споделување на знаењето е она што не прави една од најиновативните софтверски компании.

Главниот фокус на CodeChem, меѓу другото е и придонесување кон open-source проекти, кои овозможуваат учење и надоградување, транспарентност и автентичност. Работaтa со автентични софтверски решенија со помош на последните технологии и стратегии ни отвори големи можности.

Работиме на општествено корисни проекти и соработуваме со големи и познати брендови и компании од разни водечки индустрии како што се агрономијата, дигиталното издаваштво, транспортот, животното осигурување, климатизацијата, музиката, боите итн. Нашето претставништво е во Скопје, но имаме канцеларии и во Канада и Германија.

Тимот на софтверски инженери во CodeChem има една цел, а тоа е да се задоволат очекувањата и потребите на клиентите нудејќи го најдоброто решение преку заеднички раст, комплексно решавање на проблемите и реализирање на идеите.

Луѓето се инспирирани и секогаш се трудат да бидат најдобрата верзија од себе и несебично помагаат на другите да го постигнат истото. Секогаш се стремат да ги надминат сопствените успеси, да го споделат наученото и заедно да бидат на самиот раб на индустријата.

Хемијата помеѓу луѓето е движечката сила на CodeChem уште од самиот почеток. Пред 7 години, CodeChem ја почна својата приказна со мал тим од 7 луѓе. Денес има повеќе од 70 вработени и постојано растеме и се надоградуваме.

Доколку се пронајдеш и ти во оваа приказна, се надеваме дека CodeChem ќе биде местото каде што ќе ја изградиш својата иднина!

1