Почитувани,

Во заедничка организација на ФИНКИ и ПМФ-Скопје, од 10-11 Јули, 2023 г. ќе се одржи Работилница на тема “Примена на пресметување со високи перформанси во современата метеорологија ".
Учеството на работилницата е бесплатно и има за цел стекнување иновативно знаење и информации за современиот тренд во развојот на метеорологијата и нумеричката прогноза како и нивната интердисциплинарна примена во општеството.
На работилницата ќе има и интересни теми за компјутерски системи за пресметување со високи перформанси, процесирање на големи податоци (Big data), со примена на системи за симулација и метеорологија.

Во рамките на овој настан ќе биде промовиран веб порталот и мобилната апликација за користење на алатката за алерти на временски непогоди-"NOTHAS".

Воведни обраќања на настанот ќе имаат

  • Проф. д-р Боро Јакимовски, Декан на Финки; и
  • Проф. д-р Александар Скепаровски, Декан на ПМФ.

Свои излагања на работилницата ќе имаат експерти од ФИНКИ и ПМФ.
Ќе ни претставува особено задоволство ако присуствувате на овој настан.

За присуство на настанот потребно е да се регистрирате на следниот линк: https://forms.microsoft.com/r/igZS8mijUP.

Во прилог Ви доставуваме детална агенада за настанот.

 

AttachmentSize
PDF icon Агенда на настанот1.05 MB
0