Post date:
01/02/2024
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека проверката на досие за студенти кои пријавиле дипломски труд во системот за дипломски од 1.1.2024 година, ќе се изведува исклучиво електронски.
Постапката е следна:
- Студентот пријавува дипломска во системот за дипломски
- Студентска служба интерно го прегледува досието и забележува кои пријави се доставени, а кои фалат во iKnow системот'
- Пријавите редовно ќе бидат ажурирани во IKNOW системот во табот за испити
- По проверката на досието, предметите за кои има физички пријави ќе бидат селектирани во колоната Физ. При. и како професорите ќе доставуваат дополнителни пријави, оваа информација за предметите ќе се ажурира
- Кога студентот ќе дипломира на шалтер треба да ги достави следните документи:
- Записник од дипломски труд
- Пријава од дипломски труд
- Статистички образец ВОИ 50 (пополнет)
- Уплата преку IKNOW системот (уверение дипломиран- ФИНКИ).
Сите кои пријавиле дипломска пред 2024 година, ќе продолжат со проверка на досие на шалтер, додека целосно не се ажурираат податоците во системот.
Со оваа постапка се намалува гужвата на шалтер и отвора можност за проверка на досие за сите студенти кои се во странство.