Post date:
02/09/2024
Соопштение за Префрлување на Студенти на ФИНКИ
Почитувани студенти,
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) со задоволство го отвора процесот за префрлување на студенти од други факултети, давајќи им можност да ги продолжат своите студии во современа академска средина. Сите заинтересирани студенти треба да го поднесат своето барање најдоцна до 20-ти септември 2024 година.
Потребни документи:
- Молба за префрлување
- Ве молиме, задолжително наведете ги вашиот контакт телефон и e-mail адреса.
- Примерокот на молбата можете да го преземете овде.
- Уверение за положени испити
- Наставни планови
- Детални информации за наставните програми на претходно положените предмети.
- Уплатница
- Износ од 3000 МКД уплатени на сметката на ФИНКИ, со назнака „префрлување од друг факултет“ (согласно ценовникот на ФИНКИ).
- Уплата од 400 денара по признаен предмет при упис на семестар по добивање на решението за еквиваленција.
Услови за префрлување:
- Студенти од факултетите на УКИМ:
- Продолжуваат да студираат во истата квота од која се префрлаат.
- Студенти од други универзитети:
- Ќе можат да ги продолжат студиите во квота со кофинансирање.
Поднесувањето на документите се врши електронски со испраќање на потребните документи на arhiva@finki.ukim.mk
Комисијата за префрлување ќе ги разгледа сите пристигнати барања и ќе ги извести кандидатите за резултатите и истите ќе бидат објавени на нашата веб страна.
Attachment | Size |
---|---|
molba_za_prefrluvanje_na_studenti_na_finki.pdf | 39.55 KB |