Post date:
06/11/2024
Почитувани студенти,
Во табелата дадени се термини за комплетирање на документи за упис на зимски семестар 2024-2025 година, пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ.20) и индекс.
Студентите кои не извршиле уплата за упис на семестар, истото треба да го направат преку Iknow системот или на уплатници согласно новиот ценовник:
- Уплата за школарина (пример уплатница)
- Уплата во износ од 1000 денари на сметката на Финки (Дополнителни надоместоци за извршени услуги или трошоци поврзани со специфики во реализација на студиските програми на Факултетот) (пример уплатница)
- Уплата од 750 денари на сметката на Уким, ИКСССА (Информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитет) (пример уплатница)
- Уплата од 350 денари на сметката на Уким, E-УКИМ (Користење на електронски услуги од УКИМ - формулари, пријави, уписни и листови за заверка на семестар) (пример уплатница)
- Уплата од 100 денари на сметката на Уким (Реализирање на дигиталната услуга - запишување и заверување на семестар) (пример уплатница)
Се замолуваат студентите да не чекаат за носење на документација во последниот ден бидејќи се создава многу гужва и нема да може сите да бидат услужени.
Студенти запишани во учебната година | Дата (работни денови) | Приемно време |
---|---|---|
2023 - 2022 | 11.11.2024 - 15.11.2024 | Од 09 до 12 часот |
2021 - 2020 | 18.11.2024 - 22.11.2024 | Од 09 до 12 часот |
2019 - 2018 | 25.11.2024 - 29.11.2024 | Од 09 до 12 часот |
2017 - Oстанати | 02.12.2024 - 06.12.2024 | Од 09 до 12 часот |