Post date:
08/01/2025
Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за јануарска испитна сесија 2024/2025 година ќе се одвива до 22.1.2025
Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow. Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.
Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 1000,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.
Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата: http://finki.iknow.ukim.edu.mk.