Пеце Георгиев е роден во 2002 година во Битола. Основното и средното образование ги завршил во Битола, каде активно учествувал во натпревари по различни предмети.
Во 2021 година се запишал на додипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, на насоката Компјутерски науки. Во текот на студиите изведувал практична работа во компанијата „Netcetera“ како практикант за машинско учење. Дипломира во 2025 година со просечна оценка 9.92, со дипломски труд на тема „Метаевристички пристап за решавање на NP-тежок оптимизациски проблем на распоредување на испити“, под менторство на проф. д-р Соња Гиевска.
Во 2025 година се запишува на постдипломски студии на ФИНКИ на насоката Статистика и аналитика на податоци, како и изведува настава и ги дефинира аудиториските и лабораториските вежби по предметите: Линеарна алгебра и примени, Веројатност и статистика, Инженерска математика.
Полиња на неговиот научно-истражувачки интерес вклучуваат: вештачка интелигенција, статистика и аналитика на податоци, машинско учење, теорија на оптимизација, теорија на игри, дизајн на алгоритми и софтверско инженерство.