Со гордост го објавуваме почетокот на работата на ФОКУС Лаб.

 

На 3-ти јуни на ФИНКИ беше претставена програмата ФОКУС Лаб – простор за студентска соработка, поддршка и колегијалност, каде секој студент ќе има можност да го развие својот потенцијал. 

 

ФОКУС Лаб беше поздравен од Деканот на ФИНКИ проф. Петре Ламески, а планот на работа беше претставен од раководителот на ФОКУС Лаб - проф. Ана Мадевска Богданова, претседателот на ФСС Финки - Георгина Илиевска и инж. Стефанија Филипашиќ, авторка на апликацијата за полесно фокусирање при учењето, FocusMe. После официјалниот дел, се одржа неформална средба. 

 

Што нуди ФОКУС лаб?

 

Peer-to-peer поддршка: сесии со ментори (постари колеги, тутори и асистенти) кои нема да даваат готови решенија, туку ќе помогнат САМИТЕ студенти да ги совладуваат материјалите – без страв од грешки, поени и потписи!

 

Паметно, а не напорно учење: работилници за техники на учење, менаџирање со времето и намалување на академскиот стрес.

 

Работа во група за одреден предмет - тимска работа: градење пријателства и мрежа од колеги кои си помагаат меѓусебно со обврските на предметот.

 

Активности во јуни:

 

8-ми јуни (понеделник) во 13:00 часот – Прв час по Структурно програмирање (Голем ФИНКИ амфитеатар)
18-ти јуни (четврток) во 18:00 часот – Прв час по Објектно ориентирано програмирање (Голем ФИНКИ амфитеатар)

 

Следете не’ за следните активности на ФОКУС Лаб!

1