Родена е 1978 година. Основно и средно образование завршила во Скопје со одличен успех. На Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот по информатика, применета насока, се запишала во академската 1996/97 година. Дипломирала во 2001 година, со среден успех 9.94, како најдобар дипломиран студент во генерација на Институтот за информатика, стекнувајќи се со звање дипломиран инженер по информатика. На постдипломски студии по математика се запишала во академската 2002/2003 година, а ги завршила во 2009 со одбрана на магистерскиот труд “Кодови за откривање грешки и примена на квазигрупи за нивно дизајнирање”. Докторската дисертација од областа на теоријата на кодирање ја одбранила во 2015 на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ.
Во зимскиот семестар во академската 2001/2002 година била демонстратор, во 2002 година била избрана за помлад асистент, а во 2009 за асистент на Институтот за информатика при ПМФ. Од 2011 до 2015 била асистент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ, а во 2015 е избрана во доцент на истиот факултет. Има држено вежби по дваесетина предмети од различни области на студентите на ФИНКИ, како и на студентите на Институтот за информатика и Институтот за математика при ПМФ, Скопје: дискретна математика 1, дискретна математика 2, веројатност и статистика, дискретни структури 1, дискретни структури 2, дискретни структури 3, веројатност, теорија на веројатност, алгебра, алгебарски дискретни структури, множества и логика, линеарна алгебра, вектори и матрици, теорија на информации, основи на теорија на информации, основи на програмирање, бази на податоци, математички методи за информатичари, математичка статистика, функции со повеќе променливи, математичка анализа, програмирање на сметачки машини, компјутерски практикум II, компјутерски практикум III. Како наставник држи предавања по Дискретна математика 1, Дискретна математика 2 и Веројатност и статистика на студентите на ФИНКИ. Има напишано неколку скрипти достапни за студентите во електронска форма преку соодветни web страни. Учествувала на дваесетина конгреси, конференции, работилници, школи и курсеви во земјата и странство. Била учесник во неколку научно-истражувачки проекти и е автор повеќе научни труда.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК