Роден е 1984 година во Радовиш. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2008 година. Магистрирал на истиот факултет на насоката Интелигентни информациони системи во 2010 година, со магистерска теза од областа на податочно рударење. Во текот на студирањето континуирано е наградуван за успешно студирање. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје работи од 2010 година како демонстратор. Неговите наставни обврски вклучуваат подготовка и изведување на аудиториски и лабораториски вежби по предмети од областа на дистрибуирани компјутерски системи, алгоритми за анализа на податоци и интелигентни информациони системи, додека неоговото практичното искуство се состои од дизајн и имплементација на разновидни софтверски решенија стекнати при работењето во НИ ТЕКНА – Интелигентни технологии. Член е на Менса Македонија од 2004 година. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено десетина научни трудови на меѓународни конференции. Негови активни полиња на научен интерес се: машинско учење, податочно рударење, експертни системи, системи за поддршка на одлуки, интелигентни информациони системи, бази и складишта на податоци, безжични сензорско-акторски мрежи и други.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК