Роден е 1988 година во Прилеп. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2010 година. Во текот на студирањето континуирано е наградуван за успешно студирање. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје работи од 2010 година како демонстратор. Неговите наставни обврски опфаќаат подготовка и изведување на аудиториски и лабораториски вежби за предмети од областа на компјутерски мрежи, мрежни оперативни системи, WAN компјутерски мрежи и безжични компјутерски мрежи. Учествувал во неколку меѓународни проекти. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено два научни трудови и коавтор е на една книга. Негови активни полиња на научен интерес се: дизајн на дигитални системи со HDL, семантичкиот веб, веб базирани системи, системски софтвер и компјутерски мрежи.
Веб: http://www.zdraveski.me/
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК