Го завршил средното образование во гимназијата во Велес, а дипломирал и магистрирал на Електротехничкиот факултет во Скопје. Целата кариера и образование му е посветена на изучување и практикување на технологиите за вгнездени системи. Моментално е одговорен за дивизијата за вгнездени технологии во Сеавус каде работи повеќе од 8 години на дизајн и изработка на разновидни комплексни вгнездени системи за светски компании кои се лидери во оваа област. Во тек на повеќегодишната соработка со светските компании се стекнува со познавање на поголем број на напредни хардверски платформи за изработка на преносни уреди каде особено внимание се посветува на мала потрошувачка на електрична енергија и ефикасно користење на хардверските подсистеми.Организатор и активен учесник на поголем број работилници на кои се промовира технологијата која се користи во вгнездените системи со цел да го пренесе своето искуство на помладите колеги и студенти на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Посебен фокус на неговата работа е изучување и имплементација на механизми за дигитална заштита на податоци и изработка на високонадежни вгнездени системи.