08/04/2011
![финки лого](https://finki.ukim.mk/sites/default/files/styles/medium/public/logo-2_1.png?itok=-HY_cnSZ)
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство е формиран врз основа на „Законот за основање на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во состав на Универзитетот 'Св. Кирил и Методиј' Скопје“, објавен во Службен весник на РМ, број 171 од 30.12.2010.
Законот стапи на сила на 07.01.2011 година. Факултетот ќе започне со работа од учебната 2011/2012 година.
Факултетот се формира со спојување на двата најдобри институти за информатика и компјутерско инженерство во Република Македонија - Институтот за компјутерска техника и информатика од Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје и Институтот за информатика од Природно-математичкиот факултет во Скопје, двата во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. На тој начин се продолжува традицијата на развој на информатичките науки во Република Македонија.