Компанијата Евер-Неар, која и оваа година има отворени места за практиканти, ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат за едно од четирите практикантски места во текот на летниот период. Праксите се во времетраење од 3 месеци.

Во текот на изведбата на праксата, студентите ќе имаат можност да се запознаат со најнови технологии (од информациони системи, до напредни комуникациски технологии и серверски апликации), ќе можат да стекнат искуство во работа во вистински тим, на реални проекти кои тековно се изведуваат во компанијата.

Праксата подразбира полно работно време, од 09:00 – 17:00 часот, 40 часа неделно. Практикантите ќе добијат месечен надомест за трошоци во висина од 4.500 денари.
 
Услови

Кандидатите за пракса треба да ги исполнат следните услови:

  • да ги имаат ислушано сите предмети од последната година на студии;
  • да не се вработени и да немаат претходно искуство (на пракси или друго вработување);
  • одлично познавање на англиски јазик;
  • солидни комуникациски способности;
 
Одговорности

Примените практиканти ќе ги имаат следните задачи:

  • да работат во тим;
  • да учествуваат во изработка/одржување на информациони системи;
  • да учат и применуваат нови технологии;
  • да покажат колку се способни да ги извршуваат професионалните задачи;
 
Видови на пракси

Оваа година Евер-Неар ќе прими два вида практиканти:

  • Практикант програмер – ќе работи во повеќе фази на развој на софтвер, во тим составен од искусни програмери и останати практиканти. Дополнителни квалификации:
    • солидни (факултетски) познавања од основи на развој на софтвер;
    • солидни познавања од работа со релациони бази на податоци;
    • повеќе информации;
  • Практикант систем администратор – ќе се запознае со разновидни хардверски и софверски решенија кои во моментот се во употреба во компанијата и ќе работи самостојно или во тим на разни задачи поврзани со нивно управување и одржување. Дополнителни квалификации:
    • основни познавања од конфигурација на мрежи и мрежни уреди;
    • основни познавања од Windows 2008 серверска платформа;
    • повеќе информации;
 
Пријава
 
Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV и мотивационо писмо преку e-mail на hr@ever-near.com.mk, со назнака за видот на пракса („практикант програмер“ или „практикант систем администратор“).
 
Првиот рок за пријавување е 15.06.2011 година.