За потребите при организација на настанот Скопје Startup Weekend (11-13 ноември 2011), ПСМ Фондација нуди пракси за студентите на ФИНКИ кои би сакале да бидат дел од организацискиот тим.

Практикантите би имале обврски околу асистирање на проектниот менаџер при контактирање потенцијални спонзори за настанот, промоција на настанот фокусирајќи се на социјалните мрежи, ажурирање на веб страната наменета за настанот, регрутирање на учесници и логистика за време на самиот настан. Практикантите ќе се стекнат со знаење поврзано со работа на проекти и организација на настани, како и општото функционирање на бизнис заедницата во земјата и регионот.

Рокот за пријавување е до 11 септември, по што селектираните кандидати ќе започнат со праксата на 19 септември. Праксата ќе трае до 19 ноември 2011 година.

Заинтересираните студенти треба да испратат свое CV на skopje@startupweekend.org, со назнака „Пракса во ПСМ“.