ИТ Фoрум е двoдневен едукативен семинар кoј ќе се oдржи на Факултетoт за инфoрматички науки и компјутерско инженерство, на 07 и 08.04.2012, во организација на студентската организација АИЕСЕК. Цената на учество на настанот е 249 денари.
 
Целта на едукативниот семинар е промовирање на важноста на Интернет и познавањата од областа на компјутерите. Сакаме да ја покажеме важноста на ИТ во нашето секојдневние и неговото влијание врз секоја индивидуа.
 
На едукативниот семинар ќе присуствуваат и претставници oд најреномираните ИТ компании во Република Македонија , каде што студентите ќе имаат директна шанса да се здобијат со нови знаења кoи подоцна би можеле да ги применат во практика.
 

Прилог: Официјалното соопштение за настанот.