08/05/2012

Здружението за афирмација, мобилизација и афирмација на граѓанското општество (ЗАМУГО) – Скопје, организира Саем на информатички технологии и ги кани студентите на ФИНКИ да учествуваат. Повеќе информации за ЗАМУГО и саемот се дадени во продолжение.
Здружението за афирмација, мобилизација и афирмација на граѓанското општество ЗАМУГО - Скопје е невладина, непрофитна организација, која ги застапува интересите на граѓаните на Република Македонија и работи на проекти поврзани со подобрување на образованието, информатичката технологија, уметноста, културата, интеретничкото дружење и забава.
На 12 и 13 мај 2012 година во спортскиот центар Борис Трајковски ќе се одржи саем на информатички технологии во организација на ЗАМУГО во соработка со ФИНКИ. На саемот ќе бидат застапени три компоненти:
- Изложбен дел: Во големата сала на Борис Трајковски ќе бидат поставени десетина штандови на кои компаниите ќе можат да ги промовираат и презентираат своите производи, проекти, програми и директно ќе комуницираат со своите целни групи.
- Социокултурен настан: Во склоп на Саемот ќе се одржи турнир во counter strike како место за интеретничка соработка и дружење каде што ќе учествуваат тимови од преку 20 земји од Европа и светот.
- Учење преку игра: За време на двата саемски дена ќе се одржат неколку семинари и предавања од областа на информатичката технологија, кадешто наставно - научниот кадар од ФИНКИ во соработка со ЗАМУГО организираат предавања, дебати, и дискусии на оваа тема.
За успешно спроведување на целиот проект ЗАМУГО нуди соработка на околу 30 студенти од ФИНКИ кои директно ќе бидат вклучени во правење и одржување на мрежите, судии во counter strike, како и ќе асистираат при водењето на предавањата, дебатите и дискусиите.