30/01/2013

CleanTech Challenge 2013 претставува интернационален бизнис натпревар чија цел е да се развие таканаречена „зелена“ технологија, од концепт до реализација. Овој настан се одржува во London Business School и University College London.
На натпреварот може да учествуваат индивидуалци или тимови од студенти запишани на додипломски или постдипломски студии, а наградата може да достигне до 10.000 фунти.
Проекти кои победија на минатогодишниот предизвик беа дизајн на соларни ќелии, повторно користење на механичка вибрациона енергија и технологија која овозможува бактерија да произведува биогориво и складирање на електрична енергија.
Пријавување на овој натпревар се врши со испраќање на краток опис на идејата (200 зборови) најдоцна до 27 јануар 2013 година.
За повеќе информации за натпреварот или за праќање на идејата погледнете ја веб страната на натпреварот или следете ги најновите известувања на Twitter (CTC_Global) и Facebook.