ПСМ Фондацијата со задоволство ги поканува студентите на ФИНКИ да учестуваат на настанот ecaHack Скопје 2013, кој претставува дводневен хакатон за развој на мобилни апликации за сите платформи, со фокус на Отворени податоци (Open Data) и апликации од јавен интерес.
 
ecaHack Skopje 2013 дводневен хакатон, на кој програмерите, дизајнерите и останати ентузијасти, ќе се придружат на преку 3500 учесници во повеќе од 20 градови на ecaHack настаните ширум регионот и ќе работат во тимови за да креираат мобилни апликации за сите платформи.  
 
Учесниците на ecaHack Скопје 2013 ќе имаат можност да разменуваат идеи, концепти и проекти и во насока на креирање на модерни и корисни мобилни апликации за оперативен систем по сопствен избор. Хакатонот има за цел да привлече млади ентузијасти кои со помош на присутните ментори пикслите на мобилните уреди ќе ги претворат во високодинамично и интерактивно искуство за корисниците, ќе ги презентираат своите изработени апликации и со тоа ќе се натпреваруваат за фондот на награди.
 

Време: 13- 14 Април 2013
Место: ќе бидете дополнително информирани
Учество: БЕСПЛАТНО
За регистрација се потребни: Име на тимот, имиња и контакти на учесниците, краток опис на идејата
Рок за регистрација: 7 Април 2013

Регистрација и информации на: contact@yes.org.mk; +389 2 3103 665 
 
Како дел од наградите, победниците на ecaHack Скопје 2013 ќе имаат можност да работат на своите проекти со поддршка од менторите од Mentors Network of ECAbit (ECAbit.org), а потоа и да се натпреваруваат на финалниот ecaHack регионален настан во Букурешт кој ќе се одржи во периодот од 7 до 12 октомври. Победниците ќе добијат и 2 Developer Alpha Blackberry уреди и Alcatel One touch 997. 
 
За повеќе информации за ecaHack следете ги новостите на веб страната на настанот и Facebook настанот .