27/06/2013
Во четврток, 27 јуни 2013 год. во 11 часот се одржа прес конференција по повод отворањето на Регионалниот центар за социјални иновации, во SMART лабораторијата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.
На овој настан свое обраќање имаа Министерот за образование и наука, г-дин Спиро Ристовски, Ректорот на Универзитетот св. Кирил и Методиј, проф. д-р Велимир Стојковски, В.Д. постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) г-дин Алесандро Фракасети и Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Димитар Трајанов.
Регионалниот центар за социјални иновации е основан од ФИНКИ и УНДП и ќе функционира како Центар за трансфер на технологии во кој иновациите ќе бидат ставени во функција на унапредување на општествениот развој. Центарот ќе бара идеи и партнери кои ќе поддржат бизниси во основање и преку менторство, тренинг и експертиза ќе им помогнат на иноваторите да ги реализираат своите идеи преку кои ќе придонесат кон позитивни промени во општеството.
Во прилог можете да погледнете фотографии од прес конференцијата.