Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје е споменат во статијата 'SMS and Facebook Help Farmers Reduce Pollution in Resen' објавена од National Geographic. ФИНКИ во рамките на соработката со UNDP, зема активно учество во 'Проектот за заштита на Преспанското Езеро'. Една од основите цели на овој проект е преку користење на современи технологии на иновативен начин да се помогне во заштитата на Преспанското Езеро. Една компонента од овој проект е и Системот за намалување на употребата на пестициди кој е развиен на тој начин што се поставени сензори за климатски параметри и детекција на штетници, со што би се добила претстава кога е најдобро да се користат средства против штетници. ФИНКИ го изработи решението базирано на SMS кое на ефикасен и евтин начин ги информира фармерите за состојбата со штетниците и временските услови.