За да им помогне на идните студенти на ФИНКИ да го надополнат и освежат своето знаење од математика и програмирање, со цел полесно да се вклучат во следењето и совладувањето на материјалот што се изучува на ФИНКИ, факултетот организира подготвителна настава по математика и програмирање. 
 
Наставата по математика ќе се одржи во 10 дена со по 4 часа настава дневно (вкупно 40 часа настава), а наставата по програмирање ќе се одржи во 10 дена со по 2 часа настава дневно (вкупно 20 часа настава) во термините 26 - 30 август, 2 - 6 септември 2013, во просториите на ФИНКИ. 
 
За секоја обработена тема слушателите ќе добијат подготвен писмен материјал. Слушателите ќе добиваат домашни задачи во текот на секој работен ден, со тоа што решенијата треба да ги доставуваат во наредниот ден. Прегледаните решени домашни задачи слушателите ќе ги добијат назад со коментари и забелешки од наставниците. 
 
Цената на подготвителната настава е 100 денари од час, односно таа изнесува 4000 денари за математика, односно 2000 за програмирање. Уплатата се врши на жиро-сметката на ФИНКИ.
 
Пријавувањето за математика е на адреса smile.markovski@finki.ukim.mk, а за програмирање на адреса suzana.loshkovska@finki.ukim.mk.  
 
ФИНКИ ви посакува успешно студирање.