Почтитувани кандидати, објавена е листа на пријавени кандидати во првиот уписен рок за додипломски студии на ФИНКИ за акдемската 2013/2014 година. Приговор за технички пропусти може да се поднесат во студентската служба на ФИНКИ, која се наоѓа во просториите на ТМФ на приземје, од 21.08.2013 година, 14.00 часот, до 22.08.2013 година до 14 часот. Техничките пропусти се однесуваат на печатна грешка на лични податоци, печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање или редослед на студиски програми, или погршно пресметани поени.

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања. Студентската служба на ФИНКИ работи секој работен ден од 08.00-14.00 часот.

Листата на пријавени кандидати и образецот за приговор можете да го најдете на Порталот за идни студенти на ФИНКИ во делот Документи - Прв уписен рок - Резултати - Резултати од успех од средно образование.

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје